Времето денеска ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 14 до 21, а максималната од 28 до 35 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за повремен слаб дожд, а попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во Крушево околу пладне и попладне се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
И на Пелинце околу пладне ќе има повремен дожд, кој ќе се интензивира во попладневните и вечерните часови, а ќе биде проследен и со појава на грмежи.
И в петок ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.