УХМР: Временска прогноза за следните четири дена

683

Во текот на утрешниот ден не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 04.04.2021 – Минимална температура: 2°C до 8°С, Максимална температура: 6°C до 13°C.

Oблачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час).

Прогноза за 05.04.2021 – Минимална температура: -2°C до 4°C, Максимална температура: 10°C до 17°C.

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Прогноза за 06.04.2021 – Минимална температура: -2°C до 5°С, Максимална температура: 12°C до 19°C.

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец.