Улогата на инспектор му донесе милиони, а потоа во 2012 година се пензионираше – денес изгледа целосно поразлично

747

Кариерата на славниот актер му ја одбележа улогата на Хорацио Кејн во серијата „CSI Miami“.

Снимањето на оваа серија беше завршено во 2012 година, а Дејвид Карузо одлучил потоа да се пензионира.

Во јавноста остана запаметен по кратката портокалова коса, темните очила и театралните паузи меѓу речениците, онака како што зборуваше додека го толкуваше главниот лик во серијата „SCI Miami“.

Токму таа улога му донела вртоглав хонорар од дури 375.000 долари по епизода и го направила еден од најплатените актери.

Денес Дејвид има 65 години и целосно се повлекол од јавноста, па папарацо фотографите ретко успеваат да го „уловат“.

Приватниот живот го крие од сите, додека во времето на популарноста неговиот бурен љубовен живот бил честа тема во медиумите.

Зад себе тој има три брака. Во првиот стапил во 1979 година, со Шери Мауганс. Љубовта траела до 1983 година, а набрзо по разводот пред олтар застанал со Рејчел Тикотин.

Една година подоцна ја добил ќерката Грета, а во 1987 година следел крахот на нивниот брак.

Третиот брак следел во 1999 година, со стјуардесата Маргарет Бакли. Иако нагласувал дека му е мило што конечно е со жена која не е од светот на шоубизнисот, поради што се надевал дека бракот ќе биде успешен, сепак не било така. Тие се развеле по три години поради тоа што тој ја изневерил жената со инструкторка по јога.

Серијата „CSI Miami“ му донела љубов со Лиса Маркез со која добил две деца, но на крајот завршиле на суд.

Лиза го тужела поради неверства и за нанесување на душевна болка. Таа изјавила дека тој психички ја злоупотребувал, ја контролирал и бил посесивен и љубоморен, а тој неа ја обвинил за неверство со личниот асистент и најдобар пријател. Пресудата била таква што Дејвид морал да ѝ плати отштета на Лиса.

Ниту колегите немале добро сеќавање за него, па некои од нив тврделе дека Дејвид е разгален и тежок за соработка.