УЛТРА МОДЕРНО: ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ СТАДИОН ВО ШТИП!!!

772

СПОРТМЕДИА успеа да дојде до фотографија од тоа како се планира да изгледа новиот или реконструиран стадион во Штип. Читатели може да се уверат дека станува збор за ултра модерно здание, кое во целост ќе ги задоволува потребите на ФК Брегалница. А којзнае, можеби таму ќе се играат и натпревари на нашите државни селекции. За детални информации ќе објавиме дополнително, сепак треба прво да биде усвоен нацрт планот на новиот Градски стадион под Исарот, а потоа да почне и да се гради.

Во секој случај Штип и Македонија добиваат прекрасен храм на фудбалот.