Унгарски државјанин ограбен на бензинска пумпа во близина на Градско

858

Непознат сторител вчера го ограбил Р.Л. (38) од Украина на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одморал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Украина.

Како што информира МВР, Р.Л. го пријавил случајот во Полициска станица Велес.

Според неговата пријава, крадецот му одзел чанта во која имало две патни исправи, неколку платежни картички, 1.500 евра и други документи.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.