Урсула Фон дер Лајен во посета на Македонија

268

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската комисија. Воедно, ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

Потоа, предвидена е заедничка прес- конференција на Мицкоски и Фон дер Лајен во медија центарот на Владата. Претседателката на европската комисија ќе се сретне и со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.  Фон дер Лајен во скопје доаѓа од Тирана, која беше прва станица од нејзината турнеја на регионот. На заедничката прес конференција со Еди Рама, таа изјави дека на западен балкан почнал да дува ветар на промени и нагласи дека проширувањето на европската унија ќе биде еден од нејизните врвни приоритети. Следни станици на нејзината турнеја ќе бидат Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.