По Енис Барди, Македонија ќе има уште еден фудбалери, во статистички според УЕФА, најсилното клупско првенсто во Европа, шпанска Примера. Репрезентативецот Александар Трајковски ги договори сите детали со новиот член на елитата Мајорка. Скопјанецот ќе заработува 650.000 евра по сезона, а договорот со Мајорка ќе биде потпишан со важност до 2021 година.
Трајковски имаше понуди од италијанските гиганти, се спомнуваше и Милан, претходно и Спортинг, но се одлучи да му пристапи на новиот шпански прволигаш, клуб чиј сопственик е легендарниот Стив Неш.
Мајорка преку спортскиот директор потврди дека сите детали се договорени, а официјализација се очекува во текот на утрешниот ден. Откупната клаузула за Трајковски изнесува 45 милиони евра.