Уште еден позитивен во Дрекслермаер, се изолираат работници

713

Уште еден вработен во фабриката Дрекслермаер во Кавадарци е позитивиен на коронавирус. Ова е нов случај откако на 2 јули беше потврдено дека има еден позитивен во фабриката која вработува илјадници.

Тогаш објавивме дека првиот позитивен работел во погонот Одржување во фабриката и дека контактирал со малкумина. По објавата, сите тие односно луѓето со кои се возел во автобусот биле ставени во излолација.

За новодијагностицираниот нема детали во кој сектор е вработен. Станува збор за педесет и петгодишен човек кој има лесни симптоми.