Уште еден успех: Трет лет на хеликоптерот на Марс, во воздух помина 80 секунди

568

Најновиот лет на хеликоптерот на НАСА на Марс беше најамбициозниот досега, а инженерите велат дека ќе се обидат да постигнат уште подобар резултат.

Минијатурниот хеликоптер “Ingenuity”, тежи помалку од 2 килограми, а на Марс се наоѓа во рамките на мисијата на роверот “Perseverance”, го изврши третиот лет, а овојпат над Црвената планета лебдеше 80 секунди.

Според податоците на НАСА, хеликоптерот се искачил на висина од пет метри, а потоа извел бочен маневар од 50 метри. Летот траел 80 секунди, а потоа хеликоптерот се вратил на почетната позиција.

Инженерите велат дека би сакале да ги тестираат крајните граници на леталите, па макар и ако тоа значи уништување на малиот хеликоптер. Претходните два лета беа извршени во понеделникот и четвртокот, а првиот ќе остане запишан во историјата како прв контролиран лет на друга планета.