Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер денес го погоди Хаити откако синоќа таа земја беше погодена од земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер во кој загинаа најмалку 12 лица, а повредени се 188 соопшти Геолошкиот завод во таа земја.
Епицентарот за дополнителниот земјотрес беше на длабочина од 10 километри, 15,8 километри од крајбрежниот град Пор де Пе.
Епицентарот на земјотресот кој го погоди Хаити во саботата вечер беше на околу 20 километри северозападно од градот Пор де Пе, на длабочина од 11 километри, соопшти Геолошкиот завод.

Шефот на полицијата на северозападниот регион Џексон Хилеир рекол дека претходно во тој град настрадаа 7 личности, додека повеќе од 100 се повредени, додека уште четири лица настрадаа во градот Грос Морн.

Помеѓу жртвите е и детето кое се заглавило помеѓу две згради, наведе агенцијата и додаде дека тој земјотрес е еден од најсилните кој го погоди Хаити од 2010 година, кога загинаа десетина илјади граѓани.


