Уште една актерка го обвини Лечиќ за силување: Имав 18 години, чувствував како ме крши

723

Српската актерка Мерима Исаковиќ, која доживеа несреќа на 21 година и остана неподвижна, остварила голем број успешни улоги, а сега се присетила на деталите поврзани со српскиот актер Бранислав Лечиќ и откри дека тој ја силувал и неа. Таа е позната и како актерка која со години ја играше сестрата на Жарко Лаушевиќ во претставата „Стаклена менажерија“.

Мерима, која се запишала на глума на само 16 години, се преселила во Австралија по несреќата која засекогаш ѝ го променила животот и сега работи како психолог. Во интервју за „Сербиан тајмс“, а пренесува „Недељник“, таа раскажала како се чувствува во врска со случајот со Даниела Штајнфелд, која го пријави Лечиќ за силување.

А, пред тоа, таа рекла дека Лечиќ ја силувал и неа кога имала само 18 години, додека тој имал 22.

– Имав 18 години. Ме втурна во станот: „Не обидувај се да врескаш, никој нема да те слушне“, ме собори на подот. Почувствував како ме крши, секоја коска ме болеше. Само не вака. Те молам, Боже! – раскажала Мерима.

– Го чувствувам тој здив, мирисот на гнилеж. Застрашувачки поглед. Празен и црн. Очи без душа. „Дали знаеш кој сум јас? Треба да ти биде чест што те посакувам“. Страшна болка, се извиткува како некоја змија. Ми го соблече фустанот, се обидува да ми ги рашири нозете. Како клешта да ме крши… Ако успее, ќе умрам вечерва… Мил Боже, не вака, само не вака. Сè што ќе се случува понатаму, е како игра на смртта. Стравот што вреска во мене, додека тој се засладува со мојата беспомошност. Чувствувам потреба денес да ја кажам вистината и го молам народот внимателно да го прочита ова – се присетила Исаковиќ.

„Јас ти простувам“, му реков тогаш, пред четириесет години. „Простувам, но не заборавам. Никогаш нема да ја разбереш болката што ми ја нанесе. Повеќекратна болка. Ако некогаш слушнам дека сте му нанеле слична болка на некого, ќе им кажам на сите што се случило“.

Јас го одржав зборот.

Се чини дека Бранислав Лечиќ не.

Чувствувам морална обврска да го споделам моето искуство во надеж дека моето признание ќе биде поддршка на Даниела Штајнфелд и другите жртви на сек*уална злоупотреба…“