Уште една болест се додава на списокот, а сите сме изложени на неа

766

Од 2022-ра година премореноста од работа и официјално ќе биде болест од која ќе се лечиме и поради која ќе одиме на лекар, соопштила Светската здравствена организација.

Така премореноста од работа ќе биде во рангот со настинката и другите заболувања поради кои ќе биде потребно да посетиме лекар, да ги утврдиме симптомите и да добиеме лекарства, било одлучено на состанокот на СЗО во Женева.

Светската здравствена организација ја опишала премореноста како болест предизвикана од хроничен стрес на работа. Одлуката е официјализирана пред два дена, откако една година била разгледувана како можна опција, пренесува “The Sun”.

“Ова е прв пат премореноста од работа да е препознаена на овој начин”, било соопштено од Светската здравствена организација.

Некои од главните знаци на премореност се недостиг на сон, нестабилно стомачно варење, висок крвен притисок и лошо расположение. Во симптомите се вброуваат и размислувањето за работа дури и надвор од работното време, лоша концентрација, послабо дружење со луѓе и недостиг на време за работни обврски, но и обврски од приватна природа.

Британскиот експерт за стрес и последиците кои стресот ги остава, Фил Паркер, рекол дека е важно симптомите на премореност да се препознаат на време за да се спречат последиците.