Руската воена авијација била принудена да полета поради воени активности на САД над Пацификот, пренесуваат руските медиуми.
Како што се наведува, за пресретнување на американскиот извиднички авион “RC 135” бил кренат руски “MiG-31”.
Според наводите на претставникот на Источниот воен округ, мисијата за пресретнување била успешно спроведена во склад со меѓународните правила.
Руските медиуми потсетуваат дека во последно време американската авијација спроведува се повеќе извиднички летови во близина на руските граници.
Според последните истражувања, во текот на 2020-та година американската војска извела 40 проценти повеќе извиднички летови отколку во претходната година.