Двата кандидата за титулата во Премиер лигата конечно се израмнија по бројот на одиграни натпревари и на три кола пред крајот на сезоната се знае со каков биланс влегуваат во последните 270 минути.
Сити е прв со 89 бода, Ливерпул има еден помалку, но ниеден од нив не смее да си дозволи кикс. Тешко е да се каже кој има полесен распоред. Сити игра на домашен терен со Лестер, а гостува кај Барнли и Брајтон.
Ливерпул ги пречекува Хадерсфилд и Вулверхемптон, а оди кај Њукасл на Рафа Бенитес. Интересно е тоа што Сити се наоѓа во серија од 11 победи, а треба да стигне до 14 за да ја освои титулата.