Успехот на кошаркарите, Панчев, Пандев, Лазаров – вардарци ги надминаа сите македонски величини!

878

Двојната европска титула на Вардар ги надмина сите големи успеси на македонскиот спорт. Радоста во нацијата вторпат во три години по успехот на ракометарите на Вардар се споредува само со четвртото место на кошаркарите на Европското првенство во кошарка.

Успесите на нашата машка ракометна репрезентација, инвидуалните блесоци на Панчев, Најдоски, Пандев, Антиќ, Наумоски, Лазаров, Ристовски блескаат, но сепак се неспоредливи со чувството кое вардарци им го понудија на нацијата.

Нашата земја освојувала медал на Олимписките игри, игра злато од Параолимпијада, запишавме победи над големиот Реал Мадрид во кошарка, Фенербахче во фудбал, но ракометниот блесок на „црвено-црните“ е нешто посебно.

Посебен ќе биде и дочекот на експедицијата на европските прваци во понеделник на полноќ и славјето кое се предвидува во вторник во главниот град.