Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

1005

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата „Левица“ и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефередум и времено да бидат стопирани активноситите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата, или пак, да прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преисптување на уставноста на одлуката.

Макфакс