Утре без струја делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров

938

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без струја ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Центар и Аеродром.

Во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, општина Студеничани, ул.„Воин Драшковиќ“, кај Ф-ката Ферулфлок, во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците на дел од ул.„Македонија“, поточно непарните броеви од ул.„Димитрија Чуповски“ до Плоштадот Македонија, во општина Центар.

Прекин во снабдувањето со електрична евергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе имааткорисниците на дел од ул.„Ѓуро Салај“, дел од ул.„Алекса Демниевски“ подулица 19, дел од ул.„Даутица“, во општина Ѓорче Петров, а вопериодот од 08:30 до 12:30 часот корисниците од ул.„Илија Димовски-Гоче“,ул.„Кресна“ (АВРОРА) непарните броеви од 9 а до 19 а, во општина Аеродром.