Утре ќе се протестира против сечењето дрвја во Скопје

1040

Со почеток во 12 часот и под мотото „Кога пилите ќе стивнат“ утре ќе се одржи протест на улицата Орце Николов, каде пред неколку дена беа исечени поголем број стебла.

Иако од Општина Центар тврдат дека се работело за оштетени и изгниени дрвја, граѓаните реагираа дека голем дел од нив биле видливо здрави. Тие не веруваат ниту на ветувањата дека по реконструкцијата, ќе бидат засадени нови садници.

Зад протестот стои „Зелен хуман град“ – иницијатива на 12 организации и активистички групи.