Утрински аеробик додека во позадина се случува историски воен пуч

510

Кога Кхинг Хнин Ваи во понеделникот наутро започна да ја снима и да ја пренесува во живо својата утринска рутина на аеробик, веројатно не ни сонуваше дека нејзината снимка овојпат ќе биде прилично бизарна.

На истата локација, на патот кој води кон комплексот во кој заседава мјанмарскиот парламент, оваа аеробик инструкторка редовно ги пренесувала своите вежби во последните 11 месеци. Но, за време на вчерашниот танц (1:37) на снимката, зад неа започнаа да поминуваат воени возила и џипови со војници.

Конвојот продолжи кон парламентот каде што војниците започнаа да ги приведуваат функционерите на до неодамна владеачката партија, Националната лига за демократија.

Мјанмарската војска во понеделникот ја приведе и шефицата на партијата и де факто лидерот на државата, нобеловката Аунг Сан Су Кји, претседателот, водечките државни функционери, но и бројни активисти, интеектуалци, писатели и новинари.

Според многумина, токму ова видео најдобро го прикажува почетокот на гасењето на демократијата во Мјанмар и доаѓањето на власт на воената хунта.