Пожарот во париската катедрала Нотр Дам е ставен под контрола после осумчасовно борење со огнената стихија, објавуваат париските пожарникари. Според првите достапни информации, поголемиот дел реликвии од познатата катедрала се спасени, помеѓу нив и круната на Исус Христос.
Државниот секретар во министерството за внатрешни работи Лорен Нунез утринава пристигна во Нотр Дам. Се сретна со пожарникарите и истражувачите, велејќи дека стотина пожарникари сè уште се активни, но дека опасноста од нов пожар е избегната. Отворена е истрага која треба да ја открие причината за пожарот, но засега нема индикации дека пожарот е подметнат.

Пожарот, кој избувна во понеделникот во раните утрински часови, брзо се прошири со што првично изгорела кулата, која потоа се срушила, а набрзо и целиот кров. Пожарникарите успеале да го спречат рушењето на главната камбана и се обиделе да ги спасат реликвиите и непроценливите уметнички дела.
Еден пожарникар во пожарот е тешко повреден и тој засега е единствената пријавена жртва.

“Најлошото е избегнато”, рекол францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој најави кампања за собирање пари за обнова на катедралата, која се смета за една од најдобрите примери на француската готска катедрална архитектура.

“Ќе продолжиме да внимаваме на сè и ќе ги ладиме подрачјата кои сè уште се топли, како дрвените греди”, изјави гласноговорникот на противпожарната служба.
“Повторно ќе ја изградиме”
Илјадници Парижани се собрале на улиците и гледале како огнот се шири, преплавени со емоции поради катастрофалната штета на црквата која годишно ја посетуваат 14 милиони посетители и верници.
“То е наша историја, наша книжевност, наша фантазија, место каде доживеавме големи моменти”, рекол Макрон откако го посети местото.
“Повторно ќе го изградиме Нотр Дам, заедно”.
Paris' historic Notre-Dame Cathedral hit by fire https://t.co/5DurzJeJNK via @ReutersTV pic.twitter.com/K4IIn6r6FN
— Reuters Top News (@Reuters) April 16, 2019
Оваа знаменитост е темел на париската историја откако во 1163 година започна нејзиното градење кое траело речиси два века.
Таму Наполеон Бонапарта бил крунисан за француски цар.
Големите камбани со ѕвоното објавиле дека францускиот град е ослободен од нацистичките власти на 24 август 1944 година.



