Утрово на ова место снег врне без престан- УХМР најавува целосен пресврт на времето, особено подгответе се за во петок (ФОТО)

633

Освен на Стража каде вее слаб снег, утрово снег има и на планината Водно во Скопје, а во овој момент снег без престан врне и на Попова Шапка.

Сепак прогнозата на УХМР се исполни за снегот кој е честа појава во месец март секоја година, а метеоролозите за оваа недела најавуваат вистински пресврт во времето особено во петок.

Времето денеска претпладне ќе биде со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб, a во западните делови повремено умерен ветер од источен правец.

Времето утре ќе биде претежно сончево. Утрото постудено, а преку денот потопло.

Времето во среда ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Додека пак во четврток времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во петок не очекува претежно сончево време и температура до 22 степени.