Утрово се случи тешка сообраќајка во Скопје! (ФОТО)

1440

Рано утрово во 5.30 часот на крстосницата на булеварот „Кузман Ј. Питу“ кај „Скопјанка“ во Аеродром се случи уште една тешка сообраќајка, објави Независен.мк.

Се судрија патнички автомобил и комбе, но за среќа немаше жртви туку тројцата патници добија полесни повреди, иако еден од нив беше однесен со Брза помош.