УТВРДЕН ПРОТОКОЛОТ: Како ќе гласаме на 15 јули?

632

Познато е како ќе гласаме на 15 јули.

Комисијата за заразни болести го донесе новиот протокол.

Пред да почне гласањето се препорачува темелно чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси или 70% разреден алкохол. Маските се задолжителни за сите.

„При самото влегување во внатрешниот простор напрово лицето кое гласа ги дезинфицира рацете. При подавање на личната карта ја симнува накратко маската за идентификација и ја држи препорачата на дистанца од членовите на избирачкиот одбор. По завршеното гласање лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете.Членовите на ИО ја менуваат заштитната маска на секои 4 часа, додека ракавиците се менуваат при одење во тоалет и при пауза за јадење“, стои во протоколот на Комисијата за заразни болести.

Комисијата во протоколот наведува дека гласачката кутија не треба да се дезинфицира после секој гласач.

Ред за гласање ќе се чека на дистанца од 1,5 до два метри. Задолжително е дезинфекција на рацете пред гласањето, за идентификација пред избирачкиот одбор гласачот ќе треба накратко да ја симне маската. Во документот стои дека во избирачкото место не смее да има повеќе гласачи од бројот на гласачки кутии или паравани.

Во возилата во кои ќе се пренесува избирачкиот материјал треба да бидат присутни најмногу три лица, стои во протоколот. Со посебна заштитна опрема членовите на избирачките одбори ќе влегуваат во домовите на лицата кои се во изолација. Тие ќе носат мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна хируршка маска и средство за дезинфекција. Лицето кое гласа задолжително носи маска преку нос и уста.

Официјално предизборната кампања почнува ноќеска на полноќ.