Ужас во Гостивар: Девојче се удави во Вардар – бегало од кучиња скитници!

1323

Проблемот кој гостиварци веќе со месеци го имаа со бројните кучиња скитници во градот, вечерва кулминираше на најлошиот можен начин – згасна живот на малолетно девојче.

Како што пренесуваат локалните гостиварски медиуми, денес во околу 19:15 часот по локално време, граѓани пријавиле исчезнување на девојче во водите на реката Вардар.

Имено, девојчето кое што според неофицијални информации, било на 17 годишна возраст, во близина на градската болница било забележано како бега од глутница на кучиња – скитници, по што паднало во водите на реката.

Неколку часа подоцна, после обемната потрага на гостиварската полиција и локалните жители, телото на девојчето било пронајдено во близина на гостиварското село Балиндол – за жал, без знаци на живот.

Се очекува веќе да започне увид од страна на Јавен обвинител и секако реакција од страна на градските власти на чело со градоначалникот Арбен Таравари.

Имено, веќе подолго време граѓаните на општина Гостивар се жалат поради огромниот број на кучиња скитници во градот кои што во големи групи се забележуваат практично насекаде. Од гостиварската болница откриваат дека во изминатиот период биле забележани неколку случаеви на граѓани кои што претрпеле повреди додека бегале од кучињата скитници.

Проблемот кој што гостиварци го имаа со огромниот број на кучиња скитници вечерва кулминираше на најлошиот можен начин, па се очекува одговорност за трагедијата да превземат градските власти кои што со месеци, поради очигледна неспособност или незаинтересираност, воопшто не превзедоа ништо по тоа прашање.

Фото: gostivarpress.mk