Ужасна трагедија: Почина 13-годишна одбојкарка откако ѝ се слошило на тренинг!

1859

Спортската јавност во соседна Србија е ужасната од информацијата за смртта на 13-годишна одбојкарка од Суботица, откако одеднаш и се слошило додека го одработувала тренингот.

Станува збор за девојче кое било член на одбојкарскиот клуб Спартак, која веднаш била префрлена во болница каде што набрзо потоа починала. Сите кои се нашле околу неа се стрчале да ѝ помогнат, брзата помош стигнала брзо, но ниту тоа не помогнало да се спаси несреќното девојче.

Засега не е познато дали таа имала здравствени проблеми односно дали причина за нејзината смрт биле проблеми со срцето.