Вака изгледаше пред 40 години во филмот „Сина лагуна“, а сега на 55-годишна возраст

709

Брук Шилдс се прослави во филмот „Сина лагуна“, кој што овие денови треба да прослави 40 години од првото прикажување.

Ѕвездата на филмот, актерката Брук Шилдс, на социјалната мрежа Инстаграм ја покажала својата фигура на тело додека уживала на плажа.

55-годишната актерка фигурата ја истакнала во неонско портокалова боја на бикини, а во описот на фотографијата истакнала дека ги повикува сите да се вклучат во вежбањето дома.

Инаку, актерката имала само 15 години кога во горенаведениот филм ја толкувала улогата на девојката со природна убавина која што пораснала на пуст остров. Шилдс ја воодушеви публиката кога во филмот се појави целосно гола.

Таа не била ниту полнолетна кога снимала секс сцени во филмот, а пред 10 години ја изненадила публиката кога признала дека била девица до својата 22-ра година.