Вака се старее: Актерката Џејн Сејмор покажала дека ништо не е променето и по 30 години

523

Актерката Џејн Сејмор ги воодушевила своите фанови со најновите фотографии на Инстаграм.

Најновата фотографија во тесен спортски комплет, многумина пријатно ги изненадила бидејќи на актерката од филмот „Live and Let Die“ никој не би ѝ дал 69 години по ниту еден основ.

Дискретно нашминката Англичанка покажала колку убаво старее, односно толку суптилно што на прв поглед нема разлика помеѓу неа и нејзината верзија од пред 30 години. Освен минималните брчки, Сејмор редовно практикува пилатес и вежби за сила, благодарение на кои има исклучително витка линија.

„Изгледаш како да имаш 20 години“, „Вистинска инспирација“, „Човечки суштества не стареат на овој начин“, „Како изгледаш толку младо?“, се само дел од коментарите под објавата.

„Забележувам огромна разлика откако започнав да вежбам. Секоја вежба е напорна, целото тело ми се тресе од умор. Давам се од себе, но не се обидувам да бидам помлада отколку што сум. Се трудам да бидам што подобра во своите години“, изјавила актерката.

Инаку, Џејн беше во брак со режисерот Џејмс Кич со кој ги има близнаците Џон и Кристофер. Од другиот брак со актерот Дејвид Флин ја има ќерката Катарина и синот Шон.

Интересно е што Сејмор изјавила дека се уште ги сака и двајцата сопрузи бидејќи смета дека е невозможно да престанеш да бидеш пријател со некој ако заедно имате деца.