Професорката Билјана Ванковска десе повторно се огласи преку социјалните мрежи и сподели статус на Фејсбук во кој што вели:
Што ми го одбележа денот? Насмевката и погледот на изненадување и огромна радост во очите на еден одличен студент кој доби 10-ка на усмен испит изведен преку скајп
Веќе ви е јасно дека сум од оние професори кои се среќни кога заслужено ќе дадат некому највисока оценка.
Но, немате претстава какво беше чувството кога со студентот излегувате од рамките на она класично (папагалско) повторување на напишаното во книгата и кога гледате како, иако под трема, момчето почнува да размислува гласно и она што го научил од книгата успева да го примени на анализа на тековните случувања (конкретно, разговаравме за функциите што ги има војската во демократските системи, па преминавме на состојбата во САД).
А само втора година е… Ептен бев среќна, зошто вакви одговори ретко добивам и од студенти на повисоките циклуси…
Поголемиот број студенти, сепак, одбраа да полагаат онлајн ама писмено (на тест), што помина ОК (секој според ученото и заслуженото), ама сепак настан на денот ми е усмениот испит со ова многу умно и храбро момче.
P.S. А со оваа порака ми завршува денот:
Здраво професорке,
Ви пишувам само за да Ви се заблагодарам во мое име и во името на сите мои колеги и колешки кои полагавме денес, конкретно писмено, што ни овозоможивте ваков начин на утврдување на знаење.
Сакам да Ви кажам уште нешто, пред некој ден прочитав една статија на не знам сега точно која страна и беше поврзано со најуспешните професори од УКИМ за време на пандемијата и криво ми падна што вас Ве немаше на таа листа, но сепак за нас студентите Вие сигурно сте не една од најуспешните, туку НАЈУСПЕШНАТА и НАЈФЕР професорка за време на оваа состојба, и не само во рамките на УКИМ.
Ви благодарам, Имајте пријатна вечер.