Вардар е повеќе од љубов“, еве како Европа го пренесе успехот на Вардар! (ФОТО)

1117

Пред три сезони беше дебитант на еден голем ракометен настан, а денес може да се кажа дека е ГИГАНТ. Машкиот ракометен колектив на Вардар повторно ги освои срцата на фановите на оваа игра, откако по неверојатен турнир во Келн по вторпат во својата историја ја освојува Лигата на шампионите.

Во 2017 години славеше над ПСЖ, а синоќа во големото финале го „разнесе“ Веспрам, и повторно докажа дека ракометот победуваат хероите, а не ѕвездите.

Токму за новиот голем успех на Вардар пишува речиси цела Европа, а германски „Кикер“ напиша: „Тим без иднина ја освои ЛШ, цел свет му се поклонува на Вардар!“.

Пофални зборови за втората вардарова титула пристигнаа и од балканските медиуми.

„РК Вардар е повеќе од љубов, месеци играат без плата, а денес се шампиони на Европа“, се вели во статијата на „Спортспорт.ба“. 

Хрватски „Индекс“ ја искористи приликата и ги пофали своите ракометари Карачиќ и Чупуќ:

„Гордоста на Македонија се распаѓа, но на крај на погонот на Хрватите пак ја покори Европа“…

„Најголемиот македонски освојувач на сите времиња, Вардар пак е шампион на Европа“, вака коментираше српски „Моцарт“

„Црвено-црните“ херои вечерва ќе пристигнат во Скопје, а македонските фанови веќе се мобилизираат за достојно да ги пречекаат.