Вардар ќе игра против Барса на Фајнал Фор, реприза од 2017

818

Вардар ја доби Барселона за противник во полуфиналето од Лигата на шампионите, слично како пред две години кога ја освои титулата во елитното натпреварување.

Како и тогаш, и сега „каталонците“ влегуваат како големи фаворити бидејќи сите во Европа ги сметаат за главни кандидата за пехарот. На страната на Барса оди и тоа што сезонава два пати го победи Вардар во групната фаза.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Келце и Веспрем што е реприза на финалето од 2016 година кога триумфираа Полјаците.