Соединетите Американски Држави во име на националната безбедност ќе го ограничат трансферот на нуклеарна технологија во Кина, како би спречиле нејзина незаконска примена во војна и во неовластени цели, објави во четвртокот американското министерството за енергетика.
“Овие мерки на националната безбедност се плод на преиспитување на политиката која владата ја спроведува поради настојување на Кина од американските компании да купи нуклеарна сировина, опрема и напредна технологија”, се додава во соопштението.
Според зборовите на американското министерство за енергетика Рик Пери, како што се наведува во соопштението, САД не може да го занемари делувањето на кинеските мерки на национална безбедност.
Нови прописи стапуваат на сила веднаш
Конкретно, новите прописи кои стапуваат на сила веднаш, а се однесуваат исклучително на идни лиценци и на случаевите кои регулаторните власти сè уште ги истражуваат, предвидуваат “пресумпција на одбивање”.

Ова е особено точно за соработката со кинеската Генерална група за нуклеарна енергија, која сега е обвинета за планирање заговор за кражба на американската нуклеарна технологија, предупредува министерството.
Шефот на американската администрација изјави за новинарите дека владата е свесна за важноста на кинескиот пазар за извоз на американски стоки и нуклеарни услуги.
“Американската индустрија краткорочно би можела да поднесе оштета поради оваа одлука, но организираните напори на Кина поради копирање и злоупотреба на американските нуклеарни производи долгорочно ќе имаат за последица траен губиток на светската работа и пазар во САД, поради тоа сметаме дека таквата политика долгорочно ќе им користи на американските компании и работници така што ќе им се овозможи да ја задржат конкурентската предност пред кинеската влада”, додава тој.