Вчеравечер во Лондон беше одржано доделувањето на престижните Британски награди (BRIT Awards), а на црвениот тепих прошетале некои од најпопуларните и најубави Британки.
Славните убавици повторно се натпреварувале во тоа кој ќе прошета најатрактивна креација, но не недостасувале ни разголени моменти.
Најмногу комплименти добила водителката Маја Џама која се појавила во црна гламурозна тоалета во стил на стар Холивуд. Таа со сексапилните нозе, но и бујното деколте го собрала целото внимание на присутните.
Во продолжение погледнете го нејзиното, но и останатите модни изданија од вчерашниот настан:














