Вечер почнува летното сметање на времето

606

Летното сметање на времето ќе започне в недела, 28 март, во 02 часот, со поместување на стрелките на часовникот еден час напред.

Стрелките на часовникот треба да се поместат од 02 на 03 часот.

Летното сметање на времето започнува последниот викенд во март и завршува последниот викенд во октомври.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.

Она што е добро во летното сметање на времето е што денот трае подолго. Веќе може да се забележи дека се стемнува околу 18 часот, што значи дека пред крајот на месецот, вечерта ќе ни доаѓа некаде по 19 часот а во летните месеци, сонце ќе имаме и по 20 часот