На денот на почетокот од зимата ноќта е најдолга. Зимата оваа година ќе започе денеска во 11:02, соопштуваат од Астрономските друштва.
Во исто време за жителите на јужната полутопка започнува летото. На денот на почетокот на зимата ноќта е најдолга.
Денеска е 356-от ден од 2020-та година, која што како престапна година има 366 дена.
На небото денеска треба да се појави и божиќната ѕвезда, појава која што не е забележана 800 години. Ја нарекуваат така поради изгледот, но божиќната ѕвезда всушност не е ѕвезда туку појава која што настанува поради конјункција на Сатурн и Јупитер.
„На небото на 21-ви декември 2020 година ќе се случи блиска средба од планетарни размери која што не се случила од 1623 година. Имено, ќе дојде до многу блиска конјункција на Јупитер и Сатурн, па поради тоа тие две планети ќе се најдат речиси во иста точка одвоени една од друга на само 0.1°“, појасниле од астрономското друштво.
'Great conjunction' of Jupiter and Saturn will form a 'Christmas Star' on the winter solstice https://t.co/XI7uiMZJmG pic.twitter.com/fC1jTlBv2M
— SPACE.com (@SPACEdotcom) December 11, 2020