Воспалението е единствената реакција на телото на било кој неповолен фактор или надворешен стимуланс.
Делувањето на воспалителниот процес има за цел да го отстрани штетниот причинител и да воспостави нормално функционирање на телото.
Факторите кои предизвикуваат воспаленија можат да бидат внатрешни и надворешни, да имаат вирусно или антибактериско потекло или да бидат предизвикани од продукти на метаболизмот.
Во продолжение, ви претставуваме 5 билки со најмоќно антивирусно делување:
Оригано
Во народната медицина, ориганото се користи во терапија кај болестите на дигестивниот тракт, воспалителни процеси во усната шуплина, долните дишни патишта како и кај гинеколошките пореметувања. Покрај тоа, ориганото содржи аскорбинска киселина, калиум и калциум, материи кои му се неопходни на телото.
Маточина
Маточината има силен антисептичен ефект, а поради тоа постојано се користи кај воспаленија на респираторниот тракт и болести на дигестивниот систем. Етеричното масло од маточина има антиоксидансни и антивоспалителни сојства и пружа бактериостатички и антивирусен ефект.
Жалфија
Оваа билка има силен антивоспалителен и антимикробен ефект. Жалфијата содржи голем број алкалоиди, флавоноиди и танини, а е богата и со корисни елементи во траги и киселини. Природните материи на листовите имаат дезинфекциски својства.
Камилица
Камилицата се користи кај болести на респираторниот систем, нарушување во варењето, генитоуринарниот и нервниот систем. Таа придонесува за подобрување на заштитните функции на леукоцитите, го забрзува процесот на закрепнување и дава седативен ефект. Камилицата може да се користи во лекувањето во форма на чај за пиење, инхалација, купки за надворешна употреба…
Мајчина душичка
Оваа билка е извор на единствено есенцијално масло богато со тимол, карвакрол и борнеол. Најчесто се користи при силна кашлица, респираторни болести, бронхитис, артритис итн. Флавоноидите во мајчината душичка помагаат во искашлување, ги ублажуваат воспаленијата и ја намалуваат болката. Компонентите од билката ги стимулираат имунолошките процеси и го подобруваат клеточниот метаболизам.