Иако уште не е одиграно финалето од Лигата на шампионите за оваа, веќе може да се насети како би изгледала една од најтешките групи идната сезона во елитното натпреварување.
Се чекаат победниците во финалните дуели од ЛШ и ЛЕ за да се комплетираа првите носители, а засега се познати: Барселона, Манчестер Сити, Јувентус, Баерн, ПСЖ и Зенит. Со оглед на тоа што се знаат и неколку екипи од вториот шешир, ќе биде мошне интересно во ждрепката во август во Нион.
Од оваа перспектива може да се заклучат една или две групи кои сигурно ќе биде „групи на смртта“: Барселона, Челси (ако премиерлигашот загуби во Лигата Европа), Интер и Лил или Јувентус, Реал, Бенфика и повторно Лил.