Мартинијан беше повлечен и срамежлив, но во последната сезона на музичкото шоу беше под менторство на Јелена Карлеуша.
Јелена заедно соработуваше со македонскиот кандидат, а Мартинијан речиси потполно го промени стилот, па изгледаше како друг човек.
Тој успеа да стигне до финалето, а по неговото завршување кумановецот уште поактивно започна да се занимава со музика. Тој сега многу повеќе настапува, па речиси нема викенд да не пее.
Деновиве, Мартинијан ја издаде својата нова песна „Пола света“ која засега има позитивни коментари кај публиката.
Меѓутоа, освен на музиката, Кириловски се посветени на одење во теретана, па го покажа и крајниот резултат од вежбањето.
Имено, тој на социјалните мрежи објави фотографија на која позира пред огледало и без мајца, па ги покажа мускулите на горниот дел од телото, а фановите ги праша „да“ или „не“.
За потсетување, Кириловски оваа година победи и на Макфест со песната „100 пати на ден“