Велат дека е најубавата касиерка на светот: Некои се подготвени да купат 100 килограми компири само за да ја видат

568

Германката Елен Викторија станала вистински хит благодарение на своите објави на ТикТок, а луѓето ја нарекле ‘најубавата касиерка на светот’.

Елен често се снима и на своето работно место, во маркетот „Алди“.

„За време на пауза, секако, драг шефе“, порачала во едно видео.

Воодушевени од убавината на Елен, многумина се колнат дека повеќе никогаш нема да купуваат на друго место.

„Сега купувам само во твојот маркет“, ѝ велат.

„Би купил 100кг. компири, еден по еден, за да те видам на каса“, ѝ напишал друг обожавател.

„Прекрасна си“, ѝ коментираат многумина.