Велешанката Пале се плаши за нејзиниот живот по заканите од колега на покојниот партнер

448

Димитар Петрулев, адвокат на велешанката Павлина Иловска, посочи дека таа се плаши за својот живот.

Ова доаѓа откако полицаец од Велес, колега на покојниот партнер и се заканувал, а беше обзнането јавно.

“Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот”, посочи адвокатот.

Тој е задоволен од судската одлука, ослободителна за велешанката Пале.

“Врз основа на сите докази, донесена е законска одлука”, додаде тој.

Прашан како гледа на тоа дека ослободителната пресуда ќе биде обжалена: “Тоа е право на Обвинителството”, додаде тој.