– Екологисти од ЕД „Вила Зора“ ги потсетуваа надлежниот државен инспекторат и Министерството за животна средина дека и покрај забраната за работа поради одземења на А интегрираната еколошка дозвола фирмата „Техно Павер“, која стопанисува со Варницата, повеќе од четири и пол месеци продолжува против законско работење односно со загадување на воздухот на двете велешки населби Тунел и Превалец каде и е лоцирана.
Исто така, преку испусниот канал од Варницата, таа многу често ја побелува реката Тополка и прави масовeн помор на рибите и останатиот жив свет во реката.
Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора“ во името на граѓаните кои секојдневно повеќе од година и пол алармираа до нив за тешката состојба односно презагадениот воздух со бела прашина кој им го отежнува дишењето, апелира до надлежните итно да преземат мерки и да ги заштитат од загадувањето.
Во спротивно од името на граѓаните, јавно најавува дека ќе преземат радикални мерки- односно масовни протести на искажување граѓанска непослушност по велешките улици.
Ние имаме пратено повеќе претставки до надлежниот Државен инспекторат за животна средина и Регионалниот и до Министерството за животна средина, но освен инспекции, евидентирање и бројни ветувања од нив,конкретни мерки се уште нема, потенцира Коциќ.
Градоначалникот Аце Коцевски неделава повторно преку прес конференција реагира до централната власт и инспекторатот итно да го принудат загадувачот да преземе мерки и да го спречи загадувањето на воздухот и водата.