Велика Британија ги забрани стапчињата за уши: Еве зошто се опасни и со што може да се заменат

979

Кога станува збор за хигиената на ушите, голем број од луѓето и понатаму ги користат стапчињата за уши. Тие се едни од омилените хигиенски прозиводи кои може да се користат за повеќе работи, но истовременео се големи загадувачи и претставуваат еколошки проблем.

Велика Британија најавила дека до 2020-та година во целост ќе ја забрани нивната употреба.

Од „Vogue“ пренесуваат дека секоја година во Велика Британија се трошат околу 1.8 милијарди стапчиња за уши, а од нив околу 10 отсто завршуваат во одводите. Со настојувањето да се намали зависноста од еднократна употреба на пластиката, британското Министерство за природа, храна и рурална средина, најавило дека од април 2020-та година на сила ќе стапи забраната за употреба на стапчињата за уши, пластични кеси и сламки.

Според проценките, во нивната околина има 1.5 милиони тони пластика и 100 илјади морски цицачи кои секоја година умираат од глад или се заплеткуваат во пластичниот отпад. Тогаш јасно е зошто се преземаат вакви мерки. Пластиката е пронајдена дури и на дното на морето кај Маријанскиот ров кој е речиси 11 километри под нивото на водата.

Наместо пластични, Британците отсега ќе користат стапчиња за уши кои се направени од рециклиран картон или бамбус. Стапчињата за уши направени од бамбус можат да се рециклираат или да се разложат. Нивната амбалажа исто така ќе биде направена од рециклирачки материјал.

Сите промени кои се случија во Велика Британија послужија како пример за сите луѓе во светот кои сакаат да живеат во заедница со природата.