Вељко Ражнатовиќ вчера влезе во собата на неговата веќе сопруга Богдана Родиќ откако претходно ја купи истата.
По сите претходни обичаи кои ги направи и го погоди јаболкото од прва, младоженецот ја зеде својата идна сопруга и започна веселбата во нејзиниот дом.
Според фотографиите тие одлично се забавуваа, а очигледно истото го правеше и Цеца која вчера беше највесела свекрва.
Младоженците според фотографиите не се одвојуваа едни од други и цело време играа заедно.
Во дневната соба каде што беа сите гости еден од сватовите пукаше и со пиштол, а на ова Цеца му возврати со аплауз.