Велосипедска патека на „Џон Кенеди“, каде ќе се паркираат автомобилите кои се на тротоар?

802

Ова е улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир. Тротоарите се зафатени од паркираните автомобили. Граѓаните велат дека немаат друго решение освен да паркираат на тротоар. Велат дека доколку имало паркинг места би било полесно и дека би ги ослободиле тротоарите.

АНКЕТА НА ГРАЃАНИ:

„Сега, не знам каде да го оставам автомобилот, повторно ќе треба или на тротоар или на некое друго место.“

„Ако не дозволат тука да се паркира, каде да паркираме на друго место“

„Нема паркинг, нема ни таму на другата страна и на оваа страна од Чаир нема паркинг.“

„Зградите се без паркинг.“

Дали ви сметаат овде?

„Како да не сметаат, од секој аспект сметаат.“

И еден друг жител од оваа страна вели дека нема друго решение и дека недостигот од паркинг месат овде е очигледен.

Како не ни пречат, овде има два тротоара, еден за велосипеди, еден за автомобили, ако се гради, нема како да се гради.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска отиде во контрола на работите за уредувањето на велосипедската патека на улицата Џон Кенеди. Само на другата страна каде што беше градоначалникот, целиот тротоар беше преполн со автомобили. Го прашавме што ќе биде со стотиците автомобили паркирани на тротоар откако ќе се уреди велосипедската патека, тој рече дека овој проблем ќе се реши.

Првиот човек на Скопје рече дека реконструкцијата на улицата Џон Кенеди ќе се прави од двете страни на главната улица. За најавата за почетокот на работите на оваа улица, требало да дојде и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, но тој не се појави.