Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија на 22 јануари ја прославија 16-та годишница од брак, а на нивната венчавка во далечната 2005-та година потрошиле над милион долари.
Бракот со Меланија за Доналд бил трет по ред.
Словенската манекенка Меланија Кнаус не сакала да ја испочитува желбата на телевизија ширум светот да се пренесува нејзината венчавка со Доналд, па тој се откажал од таа намера.

Доналд ја запросил Меланија со 12-каратен смарагден прстен, а пред олтарот застанале во Палм Бич на Флорида.
Меланија истакнала дека таа сама ја организирала целата церемонија. На себе носела венчаница од брендот „Dior“ од дури 90 метри долга свила, а истата била тешка 25 килограми.

Венчаницата чинела речиси 150 илјади долари, а истата завршила и на насловната страница на „Vogue“.
Интересно е тоа што Меланија немала класичен бидермаер туку носела семејно наследство во вид на бели ружи на раката. Свадбената торта била величествена – од дури 7 спратови, а висока била еден метар и половина.

