Веспрем по Штербик подготвува уште една „кражба“ од Вардар – заминува еден од најдобрите

851

По репрезентативната пуаза, полека но сигурно ракометарите се свртуваат кон клупските обврски. Таков е и случајот со македонскиот ракометен шампион Вардар кој се комплетира со ракометарите кои настапија на Мундијалот.

Сепак во продолжение на сезоната стигнува уште една информација за многу веројатно заминување од Вардар. Како што пренесува денес специјализираниот ракометен сајат „хандбал-планет“, по крајот на сезоната „црвено-црните“ ќе ги напушти пикерот Рожерио Мореира.

Следна дестинација на Бразилецот ќе биде унгарски Веспрем кој изминатото лето на Вардар му го зема голманот Арпад Штербик.

Популарниот „самба“ во моментот е во процес на рехабилитација по операцијата, а во Скопје пристигна 2013 година од редовите на германски Кил. Овој 24-годишен ракометар многу веројатно по крајот на сезоната ќе ги спакува куферите и Вардар ќе го замени со Веспрем.