Видео: Балотели му плати на келнер 2.000 евра за да направи ваква глупост

799

Марио Балотели се најде во центарот на вниманието и додека се наоѓа на одмор во Неапол, откако голгетерот на Олимпик Марсеј се обложи со келнерот што го служеше дека не може со веспа да влета во морето.

Облогот беше во висина од 2.000 евра, а келнерот без размислување го прифати предизвикот, додека Балотели целата случка ја сними и ја објави на својот инстаграм-профил.