ВИДЕО: Цел остров и големиот Надал слават, Мајорка на чудесен начин се врати во Примера

725

Фудбалерите на Мајорка се последниот патник во Примера во сезоната 2019/20, откако вечерва приредија големо изненадување и надополнија 2-0 од „Риазор“ против Депортиво. Така, клубот од Балеарските острови вечерва славеше пред своите гледачи со 3-0 и во две сезони од Сегунда Б стигна до Примера.

Будимир во првото, Салва Севиља и Абдон ги постигнаа головите за „црвените“, каде еден од сопствениците е поранешната НБА-ѕвезда Стив Неш.

Настана големо славје, на трибините се радуваше и најпознатиот спортист од Мајорка, тенискиот ас Рафаел Надал. Депортиво пак ќе се обиде следната година, а Мајорка ќе им се приклучи на Осасуна и Гранада во најсилната категорија во следниот шампион кој почнува во август годинава.