(ВИДЕО) Чудото се случи – Ливерпул е во финале!

886

Втора година по ред Ливерпул ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите и ќе се обиде да ја спаси сезоната.

Премиерлигашот направи еден од најголемите пресврти во историјата на ова натпреварување во реваншот ја победи Барселона со 4-0. Кој можеше да предвиди ваков епилог по триумфот од 3-0 на шпанскиот првак во првиот меч и 1-0 по првото полувреме од реваншот…

Покрај другото, Јирген Клоп не можеше да смета на Салах и Фирмино, а се повреди и Робертсон кој остана во соблекувална по првиот дел. Дури и со такви проблеми, Ливерпул направи чудо. Ориги го отвори резултатот во осмата минута, од 53. до 55. Вајналдум постигна два гола, а Белгиецот го постави конечниот резулттат по еден комичен момент во 79. минута.

Барселона тотално не личеше на себе, но за разлика од првиот ме на домашен терен, сега немаше ни среќа и втора година по ред е елиминира со спектакуларен пресврт