Поради обилните врнежи од дожд во повеќе општини во Србија е прогласена итна одбрана од поплави, а од поплавените објекти евакуирани се 34 лица. Вонредна состојба е прогласена во Ниш, Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинца …
#vlasotince #poplava https://t.co/LWQLWmjAw9
— VR46🐢βουζκο Valentino Rossi (@vanjavucko) January 11, 2021
Поради обилните врнежи од дожд и поројните водотеци е прогласена вонредна состојба на територијата на градот Лесковац, на територијата на општина Бојник и на целата територија на општините Житораѓа, Доjeвац, Димитровград и Власотинце, соопшти српското МВР.
Поради тенденцијата на пораст на водостојот и заситеноста на почвата, прогласена е редовна одбрана од поплави на Водоводната единица „Нисава-Ниш, Димитровград“ и на Водоводната единица „Ибар-Краљево, Нови Пазар“.