(ВИДЕО) Девојка налетала на питон во супермаркет: “Ми беше на 20 центиметри од лицето”

774

Хелаина Алати (25) во понеделникот била во супермаркет во Сиднеј и во еден момент ја изненади 3 метри долга неотровна змија која се лизнала од полицата, пренесува Би Би Си.

Средбата со змијата на полицата за зачини не е она што го очекувала Алати. За среќа, на Алати не ѝ е првапат да спасува диви животни и има знаење за змиите.

“Само што ја свртив главата, таа ми беше на околу 20 центиметри од лицето. Гледаше право во мене”, рекла таа. Добро ја погледнала, но останала мирна иако во близина немало никој.

Препознавајќи го дијамантниот питон, Алати знаела дека не е отровна иако змијата го извадила јазикот.

“Гледаше право во мене цело време, како да ме молеше да ја изнесам надвор”, рекла Алати.

Откако ја снимила змијата, Алати ги предупредила вработените и им понудила да им помогне да ја изнесат надвор. Отишла до дома по вреќа за змии, се вратила и самата змија веднаш влегла во вреќата.

Потоа ја пуштила во грмушките каде е природното живеалиште за тој вид на змии околу Сиднеј.